Новинарите, како што јавуваат дел од медиумите, биле избркани од Уставниот суд, каде што дошле за да ја проследат најавената средба меѓу претседателот на судот Сали Мурати и амбасадорот на ЕУ Самуел Жбогар.
Иако претходно беше испратена покана до медиумите за следење на средбата, било дозволено само снимање на неколку инсерти, по што обезбедувањето им наредило на новинарите да го напуштат судот, со образложение дека тие не се организатори на настанот и дека не е дозволено снимање во објектот.
Иако до медиумите беше испратено известување за средбата Мурати – Жбогар, во соопштението од Уставен суд не се посочуваат причините за состанокот.
Уставниот суд, пред извесно време, беше во фокусот на јавноста поради иницијативата што ја поведе за оценување на уставноста на Законите за помилување и за амнестија (за настаните во парламентот на 27 април).