Близначки се родиле со три месеци разлика

Првото девојче неколку недели поминало на неонатолошкиот оддел во болницата, а потоа било пуштено дома. Сега двете девојчиња добро напреднуват и имаат по 5,7 килограми.

386

Две девојчиња, близначки, се родени со 97 дена разлика во германскиот град Келн.

Едното девојче е родено на 17 ноември лани, а другото на 22 февруари оваа година.

Првото девојче било родено во 26. недела од бременоста и тежело само 900 грама. Второто девојче било родено четири дена по терминот за породување и тежело 3,7 килограми.

Мајката Оксана добила породилни болки во 26. недела и тогаш било родено првото девојче. Откако тоа изглегло, контракциите престанале, а лекарите одлучиле жената нормално да ја продолжи бременоста и да го чекаат второто девојче. Иако звучи малку неверојатно, бременоста на Оксана продолжила со нормален тек и три месеци по првото пристигнало на свет и второто девојче.

Лекарите велат дека ова успеало затоа што жената имала две плаценти, а цервиксот по раѓањето на првото девојче целосно се затворил.

Првото бебе поминало неколку недели на неонатолошкото одделение во болницата, а потоа било пуштено дома. Сега двете девојчиња добро напреднуваат и имаат по 5,7 килограми.

ФОТО: Инстаграм/Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...