Блерим Река претседателски кандидат на Алијанса и на Беса

398

Универзитетскиот професор и поранешен амбасадор, Блерим Река преку  Фејсбук потврди дека ќе биде претседателски кандидат. За Плусинфо од Беса и од Алијансата ја потврдија информацијата дека лидерите Билал Касами и Зијадин Села на претседателските избори ќе настапат со Река за шеф на државата.

-Не можам да одговорам на сите медиуми и пријатели, преку оваа објава ја објавувам мојата кандидатура за претседател на Република Северна Македонија, со надеж дека ќе биде поддржана. Постојат две причини за оваа одлука. Прво: само со македонските кандидати, без ниту еден Албанец, ова мултиетничко општество ризикува да се лизне во моноетничка држава; и Албанците само гласачи, но не и гласани. Второ, само интелектуалната критика – без да се влезе во политичка конфронтација – не е доволно за да се промени ситуацијата. Тие на Фејсбук остануваат виртуелни, додека животот сепак е реален. Впрочем, историјата ја пишуваат државниците; интелектуалците само пишуваат за историјата, напиша професорот Река во својот профил.

Во комбинација за кандидат за претседател на Алијансата и на Беса беше и дописниот член на МАНУ, професорот Изет Зеќири. Неофицијално, Зеќири иако првично прифатил, потоа се премислил и не ја прифатил кандидатурата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...