Благ новичок за вмороните

Злотворот кој ги натера Македонците да мислат дека се најглупав народ на светот, а светот дека со нас нешто навистина не е в ред, не престанува да го пее рефренот за таканаречениот политички прогон, дури и во ова невреме кога ама ич не ни е до такви песни.

1813

Собраниската расправа за уставните измени е акција во која нормалните мора да го спречат обидот на ВМРО-ДПМНЕ да ја убие Македонија. На сите начини и со сите средства. Дури и по цена да се убие убиецот. Во врска со тој процес има една добра и една лоша вест. Еве ја прво добрата:

Мислам дека еуфоријата што се беше покренала околу одбраната на уставното име е значително издишана. Уште во првите ора по техничкиот неуспех на референдумот, Светиот дух се спушти во главите на запалените умови и, без да ги ебе, ги оплоди со сознанието дека нивниот емотивен оргазам е ништо спрема големото зло што го довикуваа со сопствената неразумност и кое преку привидението им беше соопштило  дека е тргнато на пат.

Дури ми се чини дека се шири и одредена доза на срам, сличен на оној што го чувствуваат пијандурите во мамурлакот по бурната ноќ. А и страв од тоа што направиле. Имам впечаток дека луѓето полека разбираат дека уставното име е ништо без уставот, односно без државата и дека заедно се ништо без светот, оти и името и Уставот и државата, конечно, и македонството, се прашања на признавањето како основен покренувачки мотив, а тие работи, без поклон на светот или без нашиот поклон кон светот, не вредат пет пари.

Против отворање на падобранот

На фонот на феноменалната понуда од Договорот со Грција, акомпанирана со најрелевантните светски гаранции на личности, асоцијации и држави и со 660.000 гласа „за на референдумот, конечно, и на фонот на извесната катастрофа што ќе се случи ако постреферендумскиот процес тргне во насока на одбивање на Преспанскиот договор, бојкотирачката и апстиненцијална забрефтаност стивна. Тоа помага да се формира општествено озрачување во кое е можно да се дојде до разумно решение, односно решение преку ново читање на документот од страна на оние што не го беа разбрале или го беа разбрале погрешно или им беше кажано дека треба да го разберат погрешно. Во судирот со тие вистини луѓето полека разбираат дека на масата имаат кофа со жешко чоколадо и кофа со жешки гомна и дека нема смисла да ја одберат втората кофа. Дека е глупаво да се силат да скокаат преку летвичката што е нацртана на ѕид.

Но, од друга страна, имам впечаток дека чипираните идиоти на ВМРО-ДПМНЕ, освен што се чипирани, се и ушприцани со некоја психотропна супстанца која им ги замрзнува фаците и погледите, ги дистанцира како тела од тоа што го зборуваат, ги дистанцира и од тие на кои им се обраќаат, како да ги проектираат на километри од себе, немаат никакви гримаси, не оддаваат никакви чувства, празниот поглед им го промашува идиотот под камерата и тие изговараат бесмислености како наснимани фрази, телефонопосекретарчени се, сакам да кажам, односно, зомбирани, односно, одземена им е сета моќ да расудуваат. Лидерот им се однесува како тукушто родено теле кое сè уште се препелка во мајчината плацента.

Дури и оние што не биле на состанокот кога се делеле шприцеви или апови, велат дека излегле на референдумот како што падобранците излегуваат од авионот и гласале против отворањето на падобранот затоа што сметале дека отворањето е штетно за националните интереси. И дека со спуштањето со затворен падобран ќе ја спасат партијата од изолација! И дека ако сите решиле да скокаат како ѓулиња немало да има никакви уставни измени.

Па, добро бе, што е ова!?

Таа обесчовеченост и, нема да се плашам да кажам, особена некоја издрогираност, ме загрижуваат во врска со исходот на собраниската расправа за уставните измени. Можеби некоја независна лекарска инстанца треба да се произнесе по ова прашање. Може ли парламентот да решава со некое друго мнозинство ако триесет или дури педесет пратеника не се при себе, благо кажано, ако се обработени со некој поблаг новичок, да речеме.

Ѕверот што успеа да ја испразни Македонија од нејзината национална, културна, морална, финансиска и секаква друга супстанца, монструмот што ги фрлаше тие елементи од возот на историјата како што дилерите со дрога ги празнат џебовите пред полициските рации, злотворот кој ги натера Македонците да мислат дека се најглупав народ на светот, а светот дека со нас нешто навистина не е в ред, не престанува да го пее рефренот за таканаречениот политички прогон, дури и во ова невреме кога ама ич не ни е до такви песни.

Политички прогон

И затоа и само затоа, еве неколку факти во врска со оваа тема:

Како е можно на толкав политички прогон да нема ниту една светска личност или организација која ќе го вложи својот авторитет во идејата човекот да се спаси од така грубата, можеби и најгруба неправда, каква што е политичкиот прогон. Да не се принципиелните просерувања на неговиот наследник и тотално раскурцаните медиуми, кои кон неговото трабуњање се однесуваат како автомобил со празен резервоар на бензиска пумпа, нема да има кој да фрли макар и најмала забелешка врз судските процеси и истраги што се водат против ова чудовиште. Освен, можеби, жестоко постраданото граѓанство кое мисли дека сè се одвива многу бавно и благо, односно дека одамна веќе типот требаше да биде в затвор.

Второ, ние ги живеевме неговите злодела и злоделата на неговиот режим во реално време, како жртви, едно време и како идиоти, Македонија беше ријалити програма во која највисоката награда ја добиваа најглупавите. Нам не ни се потребни истраги и судски одлуки за да знаеме дека е виновен за злосторничко здружување против народот и државата, доволно е да го погледнеме Скопје 2014 и сите судски процеси за нас ќе бидат завршени во суштинска смисла, но, се разбира, ние ја почитуваме правната процедура и ќе ја чекаме до крај.

Третиот елемент беше драматичниот извештај на Прибе кој потврди во какво криминално срање успеал да ја претвори државата. Тој извештај беше, всушност, општа кривична пријава против Груевски, против неговиот режим и против ВМРО-ДПМНЕ. Потоа, нели, беа бомбите, па истрагите на СЈО и пред некој ден првата пресуда, елементи на правни процеси за кои само човек во безизлез или будала може да каже дека се политички прогон. Ги повикувам медиумите да престанат да му даваат простор. Тој треба да има право на последна изјава како и сите осуденици на смрт. Добро, ние немаме смртна казна, но еве, би можел нешто да каже за јавноста на излегување од затворот во 2986 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...