Во домот на Благојчо Георгиев денеска му беше предаден во сопственост скутер за лица со посебни потреби.
– На големиот ден 4-ти Мај, претседателот на Здружението на граѓани за лица со посебни потреби во медиумите СОС Балкан Медиа -Охрид, Сашо Денесовски, придружуван од престедателот на ОО на СДСМ Охрид Лазе Танески,го посетивме еден од најголемите борци за слободна Македонија, Благојчо Горгиев. Зборот е збор, она што премиерот Зоран Заев му го вети на Горгиев , го оствари – велат од Сос Балкан Медиа.
Електричниот мотор е обезбеден од Здружението на граѓани за лица со посебни потреби во медиумите СОС Балкан Медиа -Охрид, помогнати од премиерот Заев, министерот за здравство Венко Филипче и помагателите на невладината организација СОС Балкан Медиа, „Екошпар“ Охрид и Хотел „Лаки&Спа“.
– Ова е само мал наш допринос кон лицата на кој им е потребна навистински помош. Сега Благојчо Горгиев ќе може сам да си ги извршува неопходните секојдневни потреби – велат од СОС Балкан Медиа.
Ð