Благодатниот оган од Ерусалим пристигна во Скопје

541
ФОТО: EPA/ABIR SULTAN

Црковна делегација предводена од поглаварот на МПЦ-ОА г.г Стефан на скопскиот аеродром го презеде Благодатниот оган што со авион во земјава пристигна од Ерусалим преку Софија.

Благодатниот оган од Софија го донесе владиката Иларион од,Брегалничката епархија.

Оганот,што се носи во фенер, од скопскиот аеродром ќе биде пренесен во Соборниот храм Св. Климент Охридски во Скопје, а потоа и во другите епархии и храмови низ државата.

Ова е првпат МПЦ-ОА за Велигден официјално да го добие Благодатниот оган со помош на Бугарската православна црква.

Во изминатите десет години по ред тој пристигнуваше во земјава од Грција благодарение на личните пријателства со претставници од грчката црква на игуменот на Бигорскиот манастир, архимандритот Партениј.

Благодатниот оган се пали на чудесен начин секоја година на Велика сабота на гробот на Исус Христос во Ерусалим.

Благодатниот оган се смета за чудо во православието, бидејќи се пали единствено во рацете на ерусалимскиот партријарх и во првите моменти не зрачи топлина и не предизвикува изгореници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...