Би-би-си алармира: Црвените јаболка полека исчезнуваат

Бојата на јаболкото потекнува од нивоата на изразување на одредени гени во кората на јаболкото, откриле научниците.

447

Иако можете да најдете зелени и жолти јаболка во продавниците, црвените обично се најпопуларни. Сепак, се чини дека црвените наскоро ќе исчезнат од пазарот, јави Би-Би-Си, а климатските промени се виновни за тоа.

Бојата на јаболкото потекнува од нивоата на изразување на одредени гени во кората на јаболкото, откриле научниците. Дејвид Кегни, истражувач за растенија и храна во Нов Зеланд, објасни дека сетот ензими дејствуваат заедно за да претворат одредени молекули во пигменти, наречени антоцијанини.

Нивоата на тие ензими го контролираат факторот на транскрипција – протеин што го регулира изразниот ген – наречен MYB10, така што колку повеќе MYB10 има, толку е поцрвена кората.

За да добиете целосно црвено јаболко, температурите мора да останат ниски. Затоа што ако се искачат над 40 Целзиусови степени, нивото на MYB10 и на антоцијанинот паѓаат. Како што температурите растат, потешко е да се добие црвена боја на јаболко, откриваат земјоделците.

Сега има сè помалку и помалку варијанти, а додатоци често се користат на пазарот за да им се даде на јаболка вештачка боја.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...