ДУИ не знае што се внатрешните реформи, не знае што е елементарна одговорност, не знае, ниту пак сака да знае дека таму е за да ја развива земјата и да го подобри целокупниот живот. Зборовите економија и развој за нив се непознати, изјави за Журнал универзитетскиот професор и советник на премиерот Зоран Заев, Мерсел Биљали по актуелните несогласувања меѓу владините коалициски партнери, откако не му беше одземен имунитетот на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељаноски.
– Еден дипломат ми кажа дека ДУИ наликува на сатанистичка секта која постои само за себе, која крајно го осиромашува својот народ, кој веќе е принуден да го одалечи најболниот дел од семејството, своите деца. Многу дипломати сега отворено велат дека ДУИ е рак на државата и на самите Албанци“ – вели Биљали и додава дека како што сега функционираат, не може да продолжи уште долго бидејќи ова директно води кон враќање на груевизмот на власт.