Музичката дива Бијонсе Ноулс (36) во големата исповед која лично ја напишала за магазинот „Вог“ открила многу досега непознати детали од својот приватен живот, а проговорила и за прашањата за расизмот, погледот на своето тело, за своите деца и креативноста.
Потомок на робовладетели
Помеѓу останатото, открила дека, истражувајќи ги своите семејни корени, сфатила деке е потомок на робовладетели.
– Неодамна го истражував своето потекло и дознав дека сум потомок на робовладетел кој се вљубил во една од своите робинки и ја оженил. Ми требаше време да го проверам тоа сознание. Се распрашував што сето тоа значи и се обидов работите да ги ставам во некоја перспектива. Сега верувам дека тоа е причината зошто Господ ме благослови со близнаците кои ги родив. Тоа беше првпат во мене да може да коегзистира машка и женска енергија, и да расте во мене. Се молам за тоа што успеав да ја уништам клетвата која моето семејство ја следеше со генерации, и дека моите деца ќе имаат полесен живот – рекла Бијонсе, наведувајќи дека поминала низ пекол.
Пејачката навела дека минатото на нејзиното семејство е полно со проблематични машко-женски односи, разорени врска, злоупотреба на моќта и неверства, измами.
– Дури кога тоа јасно го видов, можев да започнам да ги решавам проблемите во сопствената врска – рекла Бијонсе, алудирајќи на тој начин и на конфликтите со својот сопруг Џеј Зи, за кого тврди дека и бил неверен. Бијонсе го опишува како силна лиучност и „војник кој ме поддржуваше кога ги носев и родив близнаците, ќерката и синот“, кои се викаат Руми и Сир.
Таа открила и нешто што јавноста досега не го знаела – блзинаците, за разлика од првата ќерка Блу Ајви, поради компликации во текот на породувањето ги родила со царски рез, а поради тоа еден месец била прикована за кревет.
Царски рез
Бијонсе додала и дека овојпат многу подобро ги прифатила своите облини односно телото кое се менувало во текот на бременоста, за разлика од првата, кога била под голема лупа на јавноста која само чекала да види дали по години „совршено тело“ ќе се здебелее. Таа признала дека тогаш направила се, за веќе по три месеци по раѓањето на ќерката во јавноста да се појави „исклесана“, а за да им го покаже тоа на сите, организирала и концертна мини турнеја.
– Имав 109 кг кога ги родив близнаците. Целата бев потечена од токсемија и морав да лежам повеќе од еден месец. Моето и здравјето на моите деца беше загрозено, па морав да одам на итен царски рез. Јас бев во фаза на преживување и дури по неколку месеци отпосле успеав да сфатам што се се случило. По царскиот рез, торзоте го чувствував поинаку. Тоа е голема операција. Мислам дека многумина тоа не го разбираат. За време на закрепнувањето самата си пружав љубов и нега, и ги прифатив своите облини. По шест месеци станав привремен веган, престанав да пијам кафе, алкохол и овошни сокови. Сега го прифаќам своето тело онакво какво што тоа е. Малку сум пополничка, и нека сум, мислам дека тоа е автентично – напишала во „Вог“.
Прв фотограф Афроамериканец
Иако ова не е прва насловна страница која Бијонсе ја снимила за „Вог“, секако е најважна, бидејќи Ана Винтур и ја препуштила улогата на уредничка, па пејачката имала можност да го одбере фотографот кој ја снимал и да одлучи кои фотографии ќе се најдат на страните на престижниот моден магазин.
Инаку, фотографиите на Бијонсе за „Вог“ ги снимил 23-годишниот фотограф Тајлер Мичел, кој со оваа работа стана и првиот Афроамериканец кој снимал фотографија за насловната на тој престижен магазин.
– Постојат толку културни и општествени препреки за влегување во некои подрачја, сакам да направам се што можам тоа да го пребродиме, и да претставиме поинаков поглед на луѓето кои се чувствуваат како нивниот глас никогаш да не се слуша – рекла Бијонсе.