Бијонсе првпат се сретна со Меган Маркл и ја избакна како да се знаат со години ФОТО

Срдечна прегратка и бакнеж и по некој коментар за децата размениле Меган и Бијонсе кој биле во друштво на своите сопрузи.

625

Војвотката од Сасекс Меган Маркл и пејачката Бијонсе конечно се сретнаа очи в очи. На премиерата на филмот „Кралот на лавовите“ во Лондон првпат се запознаа и се прегрнаа како да се знаат со години.

Срдечна прегратка и бакнеж и по некој коментар за децата размениле Меган и Бијонсе кои биле во друштво на своите сопрузи.

И принцот Хари срдечно ја прегрнал Бијонсе, а се ракувал со нејзиниот сопруг Џеј Зи.

Бијонсе веќе порано неколкупати нагласи колку ѝ се допаѓаат принцот Хари и Меган, а кога им се роди синот, веднаш порача дека малиот принц Арчи е прекрасен.

Меган на премиерата на филмот се појавила во фустан од црн сатен и тул со миди должина додека Бијонсе облекла златен долг фустан со длабок изрез на нозете.

Meghan and Beyoncé shared a tight embrace as they greeted at the European premiere of The Lion King tonight

Meghan and Beyoncé shared a tight embrace as they greeted at the European premiere of The Lion King tonight

Meghan and Harry shared a gallery of snaps from the night out on their Instagram page @SussexRoyal, delighting their 9.1 million followers

FOTO: Rebecca English/Tviter/Printksrin
FOTO: Sussexroyal/Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...