Битолчани ќе дишат чист воздух во 2025 година, РЕК Битола има рок до тогаш да го намали загадувањето

Оперативниот план кој треба да го реализира ЕСМ до 2025 година, според директорот на ЕСМ Васко Ковачевски,е усогласен помеѓу ЕСМ, РЕК Битола и МЖСПП лани, а на  почетокот на годинава се одржа јавна расправа. Планот е Министерството за животна средина кое треба да го одобри.

705

ЕСМ ќе потроши 300 милиони евра за да се усогласи со критериумите на А-интегрираната дозвола од Министерството за животна средина и просторно планирање. Заокружувањето на сите проекти со кои ќе се обезбеди законско ниво на емитување на честички кои загадуваат и уште повеќе ниво кое го бара Европската унија има рок до 2025 година.

Оперативниот план кој треба да го реализира ЕСМ до 2025 година, според директорот на ЕСМ Васко Ковачевски, е усогласен помеѓу ЕСМ, РЕК Битола и МЖСПП лани, а на  почетокот на годинава се одржа јавна расправа. Планот е Министерството за животна средина кое треба да го одобри.

– За нас како компанија е усогласен, има насоки како треба да се движиме и сметаме дека за месец-два ќе ги добиеме. Треба да се усогласат уште некои ставови и да се стават и во законска регулатива и потоа да ги официјализираме чекорите што веќе ги преземаме како компанија затоа што самото добивање на интегрираната дозвола не не кочи во процесот на имплементација на нашите проекти поврзни и со отпепелувањето и со десулфуризацијата, реконструкцијата на електростатските филтри и сите еколошки проекти што согласно со законските регулативи како компанија мора да ги почитуваме – рече Ковачевски.

Тој информира дека во овој период ЕСМ работела на дел од проектите за усогласување со критериумите за А-интегрираната дозвола.

– Досега се реализирани 40 отсто од планираните активности кои се дел од првата фаза која подразбира изградба на систем за отпрашување. Оваа фаза треба да заврши до 2022 година. Потоа ќе се реализираат и проектите за десулфуризација кои се планирани да се реализираат до крајот на рокот 2025 година како втора фаза. Оваа фаза треба да почне во 2023 година – рече Ковачевски.

РЕК Битола нема официјален податок колку влијае на загадувањето на воздухот, но невладиниот сектор пресметал дека уделот на овој комбинат во регионалното загадување е 15 до 20 отсто.

– Со овие мерки секако очекуваме и овие 15 до 20 проценти коишто можеби делуваат малку, но значат нарушување на здравјето на луѓето, да ги сведеме близу на нула, а за што ќе вложиме 300 милиони евра. Целта е со исполнување на сите мерки од оперативниот план, за што крајниот рок е 2025 година, загадувањето од РЕК Битола да го сведеме на законски дозволените рамки во државата и во рамки на ЕУ во тој период – рече директорот на РЕК Битола Златко Ќурчиевски.

Раководството на ЕСМ и РЕК Битола размислува и за замена на енергенсот на првиот блок од РЕК кој се уште не е реконструиран, доколку прописите на Европската унија го бараат тоа.

Засега од постојните наоѓалишта на јаглен на располагање им се залихи за непречена работа за уште 10 до 14 години.

Со проектот за површинска експлоатација на наоѓалиштето Живојно и проектот за јамска експлоатација раководството планира да го продолжи животниот век на РЕК Битола во наредните 20 до 25 години.

Обврската РЕК Битола да го намали загадувањето на животната средина е почната во 2007 година па се одложи до 2012 година и потоа до 2017 година. Во 2018 година е почнато поинтензивно да се работи на оперативниот план и практично реализирање на проектите опфатени во тој план. ЕСМ очекува за два до три месеци да ја добие крајната верзија на планот кој веќе практично го остварува.

Ковачевски рече дека моментално РЕК Битола е столбот на енергетскиот систем во државата со учество од 80 проценти во вкупното производство на електрична енергија , но се инвестира и во обновливи извори на енергија за да може во одреден момент ова производство да биде заменето.

– Тоа е нашата базна енергија што секогаш мора да ја имаме. Токму затоа се потпираме на РЕК Битола и во моментот и во блиска иднина, што не значи дека во иднина ќе биде една и основна. Целта и стратегијата на нашата компанија е веќе почната со енергетската трансфрормација, со почнатите инвстиции во обновливи извори на енергија, почна проектот за изградба на 10 мегаватна фотонапонска електрана во РЕК Осломеј, таму е во тек постапка за документација за уште нови 10 мегавати, почната е постапка за јавно приватно партнерство за 100 мегавати фотонапонска централа во Осломеј , што значи дека таму ќе заокружиме 120 мегавати произвдство од сонце, што е еквивалент на досегашното производство од јаглен во РЕК Осломеј – појасни Ковачевски.

Од објавените планирани инвестиците, изградбата на хидроелектраната Чебрен со капацитет од 33 мегавати треба да замени 1,5 блока од РЕК Битола. Ветерниот парк во Богданци се заокружува на 50 мегавати, а на толку се проектира и новиот парк во Миравци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...