Дваесет и шестгодишен битолчанец вчера со тешки телесни повреди бил донесен во битолската болница, соопшти МВР.
Битолчанецот се повредил при обид да изврши кражба на тегови кои го држеле лифтот во напуштен објект на поранешна фабрика на улица „1 Мај“ во Битола.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.