При претрес на дом на битолчанец полицијата заплени арсенал оружје и муниција.
По судска наредба за претрес на дом полицијци од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола, изврши претрес во домот на лицето Д. Г. (34) од Битола поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело по член 396 „недозволено изработување, држење, и тргување со оружје и распрскувачки материи” од Кривичниот Закон, соопшти МВР.
При претресот во домот на лицето се пронајдени и со потврда за привремено одземени предмети се одземени: еден ловен карабин, три ловни пушки, еден пиштол, една воздушна пушка, педесет и пет куршуми калибар 9мм за пиштол, седумдесет и две парчиња ловна муниција, еден куршум калибар7. 65мм за пиштол и еден цилиндричен предмет со барутно полнење.
За настанот е известен надлежен обвинител од ОЈО Битола.