По направените анализи и утврдување на приложените сметки, Општина Битола ги исплати средствата на учениците од средните училишта кои користеле превоз за посетување на настава во периодот од почетокот на оваа учебна година, соопшти Општината.
– На учениците кои поседуваа уредна документација (барање со фотокопија од лична карта на родител, фискални сметки, потврда за посета на настава од класен раководител), им беа рефундирани средствата за превоз, согласно донесената одлука во Советот на Општина Битола, стои во соопштението.