18 години затвор доби битолскиот полицаец Енвер Тоска за свирепото убиство на својот сограѓанин, 36-годишниот Алили Бекир на 14 септември минатата година чие тело беше пронајдено кај прилепското село Беловодица.
Пресудата беше изречена денеска откако вчера во прилепскиот Основен суд, полицаецот ја призна вината.
Тоска вчера рече дека изразува жалење до семејството на убиениот, а неговиот адвокат, Васко Георгиев, рече дека сега дошло до признавање на вината поради цврстите докази на обинителството и дека обвинетиот ги почувствувал последиците од тоа што го направил.
Тоска беше обвинет за убиство со умисла бидејќи, според прилепското Јавно обвинителство тој претходно го планирал кривичното дело, го однел Бекири кај селото Беловодица, го убил и потоа го полил со бензин и го запалил. За ова, едно од најтешките кривични дела, казната е од 10 години до доживотна казна затвор.