Секоја мерка која е во интерес на граѓаните прво ја поздравувам и посакувам нејзина што помасовна реализација низ домаќинствата во Македонија. Но , сепак сакам јавно да прашам:
Дали е во ред битолчани, како најпогодени од ефектите од производството на струја од РЕК Битола, заедно со жителите на Новаци и Могила, да бидат ставени во ист ранг со другите кои не се толку погодени, како ние тука?
И зошто локалната власт пред година и пол гласаше против ист ваков заклучок за намалување на ефектите од загадувањето, кој требаше да биде испратен до Владата на усвојување, со кој за нас најпогодените населени места и општини околу РЕК Битола ќе значеше континуирано субвенционирање на струја!?
Да биде уште пожално, под притисок се усвои дополнително, за Владата да се прогласи за ненадлежна. И навистина, денес заменик министерот за животна средина, по потекло битолчанец, треба да се срами шо излегува, бидејќи и неговото министерство се прогласи за ненадлежно.
И да, можеби ви звучи безобразно, дрско и невоспитано, ама Битола умира за Македонија да свети! Битола не заборава.