БИРН: Башановиќ уште една година ќе го советува Заев

2466

Премиерот Зоран Заев летово ги продолжил договорите на четворица соработници од Србија на период од уште една година, потврди за БИРН владината прес-служба.

Поранешниот естраден менаџер Зоран Башановиќ и ексдиректорот на државната компанија за производство и за дистрибуција на струја во Србија ЕПС, Александар Обрадовиќ се надворешни соработници за економски прашања, човекот што ја водеше српската Агенција за приватизација, Љубомир Шубара му помага на премиерот околу финансиите, банкарството и околу инвестициите, додека како ИТ-експерт е ангажиран Владимир Цветковиќ.

Башановиќ прима месечен надоместок од 1.500 евра, додека Обрадовиќ, Цветковиќ и Шубара земаат по 1.200.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...