Бирлајн: Заев и Рама се разочарани, ги уверив дека и натаму ќе ги поддржуваме

585

Австриската канцеларка Бригите Бирлајн е разочарана што на Самитот на ЕУ не е донесена одлука за почеток на пристапните преговори на Албанија и Македонија, истакнувајќи дека тоа не е добар знак за солидарноста во Унијата, ниту за безбедноста во регионот.

– Тоа е за жалење. Австрија и другите земји се залагаа за почеток на пристапните преговори – кажа Бирлајн пред почетокот на вториот ден од Самитот во Брисел.

Таа смета дека Македонија и Албанија ги исполнија условите на ЕК и дека имаат право на пристапни преговори.

– Одлуката не е донесена поради одредени држави. Сметам дека тоа не е добар знак за солидарноста во Унијата, како и за безбедноста во регионот – порача Бирлајн.

Таа, наведе, дека денеска разговарала со премиерите на Македонија и Албанија кои и пренеле дека се разочарани.

– И тие се многу разочарани. Ги уверив дека и понатаму ќе ги поддржуваме – кажа Бирлајн.

Одлуката за пристапни преговори со Северна Македонија не е донесена поради, како што пренесуваат австриските медиуми, противењето на претседателот на Франција Емануел Макрон, а Албанија ја „блокирале“ премиерите на Данска и Холандија, Мете Фредериксен и Марк Руте.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...