Биографска ТВ серија за Одри Хепберн

170

Италијанската филмска компанија Вајлдсајд најави драмска биографска серија за холивудската актерка Одри Хепберн. Снимањето ќе почне во 2020 година, а сценариото се заснова на книгата „Одри, мојата мајка“, објавена пред три години од нејзиниот син, исто така актер, Лук Доти.

Во книгата таа е прикажана во вистинско светло – поинакво од она како ја знаеме од големиот екран. Италијанскиот новинар и писател Луиџи Спинол е најмен за да ја прилагоди приказната во филмско сценарио. Серијата ќе се фокусира на првите години на актерката во филмската индустрија – од детството во Европа до Холивуд.

Хепберн е позната по своите улоги во педесеттите години од 20. век, во филмовите „Римски празници“, „Сабрина“, „Појадок кај Тифани“ и оскаровскиот мјузикл „Мојата убаваа дама“, како и по нејзината добротворна работа. Почина од рак на слепо црево во јануари 1993 година во Швајцарија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...