Од денеска во книжарите во Австрија може да се купи биографијата на поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц, која веќе е предмет на потсмев и расправа, посебно на социјалните мрежи. На Твитер дури има и свој хаштаг (#50Shades of Kurz), инспириран од книгите Педесет нијанси на сиво.
Книгата на новинарката Џудит Громан, со наслов „Себастијан Курц. Официјална биографија“, во некои делови потсетува на мешавина од информации за обожаватели и кич роман, а некаде потсетува на искажување љубов, оценува Шпигл.
Во еден дел, Громан ја опишува средбата со Курц со:
– Прво ја видов само неговата силуета. „Дали е навистина тој?“, си помислив. Видов само дел од неговата глава, но се чинеше оти ми е познат. Темносмеѓа коса, зачешлана наназад, како и малку шпицаст нос, кој на неговото лице му даваше ведар израз. Замислено гледаше од прозорецот некаде далеку. Дали нѐ примети, тешко е да се каже. Блескава сончева светлина продираше во просторијата. Но, тоа не му пречеше. Есенското сонце му го осветлуваше лицето. Беше тоа навистина посебен момент за мене …
Многумина на Твитер правеа пародии од нејзиниот стил на пишување, а некои од нив во пародиите вметнуваат и сексуални содржини.
ФОТО: EPA / CHRISTIAN BRUNA