Гостувајќи во подкаст на комичарката Еми Шумер „3 девојки 1 Кејт“, актерот ги откри своите афинитети за работењето во азиски ресторан.
– Пополнував апликација за работа за ресторанот на П.Ф. Чанг на аеродромот во Атланта, бидејќи сметам дека е едно од најдобрите места за јадење – признал Бил.
– Што би правеле таму? Секоја работа? – го прашала Ејми која била изненадена од одлуката на актерот.
„Ова е најдобро време да го сторам тоа“, одговорил самоуверено Бил.
Откако азискиот ресторан дознал за апликацијата за работа на Бил, веднаш преку Твитер го известиле дека ја добил работата.
„Бил, ја добивте работата. Кога можете да започнете?“, напишале од П.Ф. Чанг.
„Ќе летам за Атланта само за ова, ако почне да работи“, „Резервирам маса кај Бил“, се само некои од ентузијастичките коментари.