| Вести денес: 0

Бил Клинтон ѝ се извини на Моника Левински, му била одишка од стресот

550
ФОТО: Јутјуб

Поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон, во документарецот „Хилари“ истакнал дека кога ја запознал Моника Левински бил под голем стрес поради работата и дека аферата со неа му помогнала да се носи со проблемите и да ги оттргне мислите од нив.

Клинтон првпат јавно ѝ се извини на Левински. Тој вели дека жали што таа станала позната во светот по нивната врска.

Во документарецот Клинтон раскажува како во 1998 година морал сѐ да ѝ раскаже на својата сопруга Хилари, по што следувало долго брачно советување.

– Седев на креветот и разговарав со неа. Ѝ кажав сѐ што се случило и како се случило. Ѝ реков дека се чувствувам грозно, поминавме многу работи последните неколку години. Немав објаснување, а тоа што го направив не е за простување – вели Бил.

Хилари ели дека го искоментирала скандалот.

– Бев скршена. Не можев да верувам. Бев толку повредена што не можев да верувам. Не можев да поверувам дека ме лажеше. Побарав тоа да ѝ го каже и на нашата ќерка, што му падна уште потешко – вели Хилари.

– Тоа не е мое извинување, само објаснување. Се чувствувам ужасно – вели Бил на прашањето зошто ризикувал да влезе во љубовна афера.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...