Бил Гејтс ја пофали Меј, која собираше отпад во парк

121
ФОТО: Дејлимејл

Вториот најбогат човек на светот ја пофали Тереза Меј за нејзиниот допринес за заштита на животната средина, пренесува „Дејлимејл“.

Британската премиерка и нејзиниот сопруг Филип заедно со волонтери собираа отпад во парк.

Групата вети дека ќе учествува во проектот наречен „The Great British Spring Clean“.

Претходно, Меј го опиша проектот како „фантастична иницијатива во која сите можеме да имаме улога“.

За нешто повеќе од недела дена, 28.705 луѓе понудиле да одвојат од своето време и да помогнат во кампњата.

ФОТО: Дејлимејл

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...