Били Ајлиш на само 18 години ја пее насловната песна на филмот за Џејмс Бонд ВИДЕО

Иако во декември наполни 18 години, Били веќе е сопственичка на албумот кој е број 1 на многу топ-листи.

526

Били Ајлиш е автор и изведувач на нумерата која го следи новиот филм за Џејмс Бонд. Таа е најмладиот изведувач кој некогаш снимил песна за најпознатиот светски таен агент.

Иако во декември наполни 18 години, Били веќе е сопственичка на албум кој е број 1 на многу топ-листи. Исто така, таа е најмладиот уметник кој има четири номинации за наградата Греми.

Сега добила уште еден вид признание, и стана најмладиот изведувач на насловна нумера на филмот за славниот агент 007. Песната ја напишала со постариот брат Финес.

– Лудо е да бидеш дел од ова на кој било начин. „Џејмс Бонд“ е најслатката филмска франшиза која постоела. Сè уште сум во шок – рекла Били.

Песните за претходните остварувања за Бонд отсекогаш поминувале добро кај публиката. Меѓу нив е и хитот во изведување на Адел – „Skyfall“ која за најдобра оргинална песна ја освои и наградата Оскар.

Последниот филм за Бонд, кој би требало да се најде во киносалите во април, го носи насловот „Нема време за умирање“. Се очекува дека тоа ќе биде и последниот настап на Даниел Крег во улогата на Бонд.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...