На прв поглед Катен и Бери Мејсон имале живот на кој сите му се восхитувале и бил за почитување.
Карен работела како новинар во познатите весници во Чикаго и Синсинати, а Бери бил инженер за специјални ефекти во филмската индустрија, помеѓу другото работел на серијата „Ѕвездени патеки“ и филмот „Одисеј во вселената 2011“.
Се запознале на еврејска забава за самци, а нивните три деца редовно оделе на саботна служба во синагога.
Кога семејството на средината на 70-те паднало во парична криза, Карен видела оглас во Лос Анџелес Тајмс – барале некој за дистрибуција на порнографски списанија како „Hastler“. Па така тие влегле во индустријата за возрасни.
На крајот се докажало дека имаат смисла за бизнис. За само неколку недели примиле 5.000 нарачки. Патувале по Лос Анџелес и испорачувале роба.
Иако „Huster“ било стрејт порнографско списание, Флинт набрзо презел некои пропаднати геј публикации па и тие станале дел од портфолиото на семејството Мејсон.
Неколку години подоцна, кога сопственикот на најпознатата книжара “Book Circus” во Вест Холивуд западнал во тешкотии, семејството Мејсон ја презеле во 1982-та година. Бери и Карен го промениле името во “Circus of Books”. Тоа било повеќе од продавница – истовремено било и скривалиште и собиралиште на хомосексуалците од Лос Анџелес.
Децата Михеј, Рејчел и Џош добиле точни упатства: Кога оделе во продавницата, не смееле да ги допираат и да ги гледаат производите или пак списанијата за возрасни. Исто така ги научиле никогаш да не им зборуваат на другарите како продавницата се вика. Сепак нивниот план не успеал затоа што децата подоцна од другарите дознале со што се занимаваат нивните родители.
Тие почнале и самите да снимаат геј филмови за возрасни со актерот Џефри Страјкер. Меѓутоа и понатаму продолжиле со дистрибуција на порнографијата.
Претседателот Роналд Реган му наредил на генералниот тужител Едвин Миз да покрене истрага во индустријата за возрасни, а резултатот бил „Извештајот на Мизо“ од 1986-та година.
Извесно време подоцна, дистрибутерите продавале материјали само на луѓето кои ги познавале, но се случило некој од вработените да направи грешка, примил нарачка за „Видео клуб Џо“ зад кој всушност стоело ФБИ.
Рацијата била извршена во холивудски стил, наоружани агенти упаднале во просторијата и ги обвиниле за илегален транспорт за забранет материјал.
На Бери му се заканувала затворска казна од пет години и голема парична казна, но адвокатот успешно го одбранил така што не заминал во затвор, а продавницата и понатаму работела.
Без оглед на долгогодишната поврзаност на семејството Мејсон со геј заедницата во Лос Анџелес во куќата никогаш не се зборувало за сексуалност.
Меѓутоа, нивната ќерка Рејчел кришум почнала да живее развратен живот.
– Посетував геј клубови, имав малолетничка лична карта така што можев да влезам таму и бев воодушевена од тоа – вели таа.
FOTO: Tviter/Printskrin