Биле изрешетани, па избодени и исечени, на некои вадени очи и сечени раце, денеска беа одбележани 76 години од стрелањето на 12 Ваташки младинци.
– Ова тиквешко село со право може да се нарече културен и револуционерен центар на Тиквешијата, даде плејада преродбеници, просветители и револуционери, како од постарата, така и од поновата историја на овој крај – рече кустос историчарот Марија Михова од кавадаречкиот музеј.
Таа говореше за бурната историска приказна на младинците, кои како и сите други биле вљубеници во забавата, музиката, во поезијата на Рацин, но пред се ја сакале слободата на својата земја.