Апликацијата за електронското надополнување на картичката Скопска ќе стартува од јуни, информира директорот на ЈСП, Кристијан Чушков.
Тој информира дека ЈСП од април планира да ги промовира и билет за едно возење.
Моментално картичките Скопска можат да ги надополнат само во билетарите на ЈСП и во трафики и продавници низ Скопје.
Директорот Чушков рече дека со пристигнувањто на новите автобуси, за кои вчера беше потпишан договор за кредит од ЕБОР, граѓаните ќе имаат повеќе поволности и бенефити, освен што ќе се превезуваат поголем број патници, во новите автобуси ќе има и валидатори за картичките на најмалку две места во возилото, за разлика од сегашните автобуси кои имаат валидатор само на предната врата.
Според директорот, ќе биде извршена и надградба на системот за електронска локација на возилата, а со тоа ќе се овозможи попрецизно информирање на граѓаните. Граѓаните ќе знаат на која локација се наоѓа автобусот кој го чекаат и како се движи и ќе можат полесно да си го планираат патувањето.