Градоначалникот Петре Шилегов денеска го посети Дневниот центар на „Здружението за заштита на правото на детето“ во Шуто Оризари, кое ги згрижува децата од улица, и на околу 150 деца им подели новогодишни пакетчиња и билети за посета на Зоолошката градина.
Шилегов им порача на децата да одат на училиште и дека нивното место не е на улица, бидејќи само со добро образование ќе можат да изградат успешен и исполнет живот.
Децата кој го посетуваат Дневниот центар за присутните гости рецитираа и пееја песни.
На делењето на пакетчињата присуствуваше и заменик-министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар.