Била уништена застарена опрема за прислушување, вели адвокатот на Тони Јакимовски

621

Воопшто не држат наводите на обвинителството дека опремата за прислушување е намерно уништена, рече денеска во изјава за медиумите, Јордан Апостолски, адвокат на обвинетиот Тони Јакимовски во случајот „Тврдина-Таргет“.

Тој ова го образложи велејќи дека кога ќе се набави нова опрема, согласно правилата и со договорот со снабдувачот е одредено старата задолжително да се уништи.

– Застарената опрема која не можела да ги прати технолошките текови била заменета со нова, а претходната уништена – истакна Јакимовски кој додаде дека ова ќе биде еден од клучните аргументи на одбраната во случајот „Тврдина-Таргет“./Макфакс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...