Била осудена на доживотен затвор, ја спаси Ким Кардашијан ВИДЕО

Во објавеното видео, Џонсон ја раскажала својата приказна, опишувајќи ја Кардашијан како „воен ангел“.

1048

Старлетата Ким Кардашијан Вест ја претстави новата линија за облека на „Skims“, а јавноста ја изненади од изборот на моделот кој ќе ја презентира. Имено, Ким на социјалните медиуми објави видео во кое е модел Алис Мари Џонсон, жената која беше осудена на доживотен затвор пред Ким и нејзиниот тим на адвокати да го убедат американскиот претседател Доналд Трамп дека треба да ја помилува.

Џонсон ја добила големата казна поради поседување дрога, што бил прв нејзин прекршок. Откако нејзиниот случај излезе во јавноста, таа стана своевиден симбол на борбата за реформа на американскиот затворски систем.

Во објавеното видео, Џонсон ја раскажала својата приказна, опишувајќи ја Кардашијан како „воен ангел“, поради улогата во нејзиното ослободување од затвор.

– Јас дури и не знаев која е Ким Кардашијан. Поради мене, таа отиде во војна, борејќи се за мојата слобода – рекла Џонсон, додавајќи дека нејзината облека „ја прави слободна“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...