Бизнис пројект

896

По моја слободна проценка, во државава се останати не повеќе од 200.000 до 300.000 квалификувани и фиљан луѓе кои нешто работат и знаат да работат и практично целата македонска (каква-таква) економија е потпрена на нивниот грб. Остатокот од населението не е за коментирање.

Што е идејава. Да се најде начин овие луѓе некаде да се отселат, да им се најде нов дом, онака топтан, може да се сместат во едно предградие на поголем европски град. Потоа на сите што ќе останат тука да им се поделат пушки за да се испотепаат меѓу себе, баш како во оние каубојските филмови.

Тоа ќе биде атракција за светот, ќе се разбере насекаде за Македонија, ќе бидеме некаков див резерват во срцето на Европа. Дури и африканските племиња ќе ни се смеат. Ќе може и странски туристи да доаѓаат во сафари посети како во зоолошка градина и да им се наплаќа за тоа.

Кога ќе оконча агонијата и ќе се испотепаат сите меѓу себе, може да се вратат потомците на овие претходно преселените во европското предградие, за да се обидат да направат некаква држава. Не велам дека ќе успее, ама вреди да се проба.

(ФБ статус на авторот)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...