Стопанственикот Трајче Ристовски, Јоана Коцева од областа на хуманоста, еманципација на жената, насилството и родовата еднаквост, како и Златко Каров од сектор образование, се добитници на Седмосептемвриска награда во Кавадарци.
Вака одлучи денеска Советот на општина Кавадарци на 29 седница. Во трката за добитници на оваа највисока општинска награда, за достигнувања во повеќе области, а по повод денот на ослободување на Кавадарци, учествуваа 13 субјекти, од кои 12 поединци и едно друштво. Тие беа предлог на граѓани, група граѓани, организации. Предлог кандидатите беа од повеќе области.
Покрај добитниците, останатите предложени доаѓаат од повеќе сектори. Заштита и унапредување на животна средина и природа, култура, општествена дејност и друго.
Инаку, Ристовски е кавадарчанец кој со семејството живее и работи во Америка, но има и свој бизнис во Кавадарци.
Ристовски беше предлог на градоначалникот Митко Јанчев.