Бизнисменот Николовски и резбарот Алексиевски се кумот и здравичарот на Бадник

785

Првите и најзначајни личности на традиционалната 27 манифестација во пресрет на Божик, што скопјани со симпатии ја прифатија и здушно ја поддржуваат се избрани. Кум е Љупче Николовски, а здравичар Миливое Алексиевски, познати личности и вљубеници во својот град.

Николовски е бизнисмен, сопственик на фирмата „Белина“, која во 2019 година прославува 25 години постоење и успешна работа и посветен Вински витез, а Алексиевски е резбар, потомок од познатата мијачка тајфа Мирчевци и тренер и инструктор по пливање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...