Бизнисменот Владимир Тодоровиќ денеска сведок во „Рекет“

794

Бизнисменот Владимир Тодоровиќ кој беше и поранешен градоначалник на општината Центар избран во 2009 година, денеска се очекува да сведочи во судскиот процес „Рекет“ во кој првообвинет е Бојан Јовановски Боки 13.

Тодоровиќ е сведок предложен од одбраната и како што во минатото рочиште најави судијката Васка Николовска Масевска, освен поранешниот градоначалник денеска во судницата ќе се појави уште еден сведок без да го спомне неговото име.

Јовановски има предложено 12 сведоци, а претходно во негова одбрана сведочеше адвокатот Васил Димишков, брат на судијката Весна Димишкова, која му одреди притвор на бизнисменот Јордан Камчев за предметот „Империја“.

Обвинетата во истиот процес Катица Јанева, поранешна шефица на Специјалното јавно обвинителство има предложено 13 сведоци.

Во случајот „Рекет“ обвинети се Јанева и Јовановски, а Зоран Милевски Кичеец е осуден на три години затвор, откако на почетокот на судењето призна дека е виновен.

Според обвинението кое го застапува обвинителката Вилма Русковска, двајцата обвинети и осудениот Кичеец се здружиле за да му земаат пари на бизнисменот Камчев, сведок во „Рекет“, а за возврат тој да добие олеснителни околности во предметот „Империја“.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...