Бизнисменот Амзоски на распит кај Русковска

514

Во Обвинетелството за гонење организиран криминал во моментов тече распитот на бизнисменот Ардијан Амзоски од Струга. Тој е син на сопственикот на фирмата „Дрим Билдинг“ од Струга, која неодамна соопшти дека на Меѓународниот сојуз му исплатиле околу 260.000 евра за стратешко партнерство и деловна соработка.

– „Дрим билдинг“ ги исполни во целост своите обврски од договорот, а за жал Меѓународниот сојуз и Јасна  Мандиќ не го испочитувале договорот. Бидејќи Меѓународен сојуз и Јасна Мандиќ одбија да ги вратат парите кои им беа платени, Дрим Билдинг поднесе тужба пред Основниот суд Скопје, соопшти тогаш фирмата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...