Првата дама на САД Меланија Трамп беше почестена со дрвена статуа во природна големина во близина на градот Севница во Словенија каде што порасна, но локалните жители велат дека оваа статуа претставува срамота.
Првата статуа на Мелани Трамп во нејзината родна земја ја осмислил американскиот уметник Бред Дауни и ангажирал локален ликовен уметнички столар Алес Зупевац, познат како Макси, за да го изработи и да го постави покрај реката Сава.
Цртите на лицето изгледаат како да ги нацртало дете, изразот на лицето е намуртено, а облиците на телото се недефинирани. Статуата „мавта“ со левата рака.
Локалните жители, иако се горди на најпознатиот експонат во градот, воопшто не се задоволни од сличноста на статуата со Меланија Трамп.
– Воопшто не личи на Меланија. Изгледа како Штрумфета. Тоа е срамота – рекол еден од жителите кои се собрале на откривањето на статуата.
Статуата е обоена во сина боја, со примеси на сива, со цел да асоцира на синиот костум креиран од „Ралф Лорен“, што го носеше Меланија при церемонијата на инаугурацијата на нејзиниот сопруг Доналд Трамп.
FOTO: Printskrin/magazininellitonu