Туристи можат да го искусат животот на мигрантите за една ноќ во парк во Мексико. ЕкоАлберто во Ел Алберто ја рекламира „Ноќната прошетка“ на интернет како „тотално различен и уникатен концепт“, со кој туристите ќе имаат можност да одглумат илегално поминување на границата на САД, пренесува „Фокс Њуз“.
Атракцијата била понудувана уште од 2004 година. Учесниците за типична верзија плаќаат 17 долари, а 24 за „екстремната“ која трае дополнителни шест часа.
Се започнува во локална католичка црква, каде се слуша мотивирачки говор.
Иако туристите не ја поминуваат границата илегално во реалноста, паркот се обидува да го направи тоа најреалистично што може.
Ова се препорачува за оние кои се „во добра физичка форма“, а треба да се носи и удобна облека.
За оние кои не сакаат да доживеат нешто такво, има други опции во паркот, како на пример качување по карпи, возење со брод во реката Тула.
Паркот нуди и кабини и кампинг простор каде што туристите можат да престојуваат додека се во посета.
ФОТО: Фокс Њуз / ЕкоАлберто.ком