Бившиот сопруг на Клои Кардашијан (34), поранешениот НБА-кошаркар Ламар Одом (39) напишал мемоари под називот „Darkness to Light“ во кои ја открил зависноста од секс, пренесува магазинот „Пипл“.
– Бев опседнат со сексот толку долго што дури не се ни сеќавам. Зависник сум – рекол кошаркарот.
Одом досега спиел со повеќе од 2.000 жени.
– Имаше премногу стриптизерки за да можам да ги избројам. Тоа не беше голема работа, но често ги плаќав. Никогаш не сум размислувал помалку за нив – раскажал Одом.
Со Клои беше во брак седум години, но и во текот на тој период имал сексуални односи со други жени. Клои отпосле откри дека је изневерувал.
– Бев шокиран и посрамотен. Сакав да го вратам времето назад. Сакав тоа да го сокријам, но тоа беше толку болен грев, така што ми беше тешко да го скријам тоа. Имам проблем – заклужил кошаркарот.