Библиотека вредна 98 милиони евра и роботи – библиотекари за 101. роденден на Финска

213

Библиотека вредна 98 милиони евра и роботи – библиотекари доби Финска за 101. роденден.

Зградата е огромна структура од дрво и стакло, а се наоѓа на видно место во центарот на градот, наспроти парламентот. Библиотеката „Ооди“ е дизајн на финската фирма „АЛА архитектс“ и е планирано да биде место за знаење, учење и за еднаквост во земјата, која во 2016 година беше рангирана како најписмена на светот. Според официјалната статистика, во земјата со 5,5 милиони народ, годишно се позајмуваат 68 милиони книги.

Поставени се 100.000 книги, а во објектот има и студија за музичка и видеопродукција, кино и работилници со 3-Д принтери и ласерски режачи, сите бесплатни за јавноста.

– ’Ооди’ му дава ново, модерно значење на поимот библиотека. Таа e куќа на литературата, но исто така и куќа на технологијата, музиката, филмот, на Европската Унија“ – вели Томи Лаитио, извршен директор за култура и забава на градот Хелсинки.

Во неа ќе има роботи-библиотекари, кои преку мали вагони ќе ја земаат вратената книга и ќе ја донесат до соодветната полица, каде, пак, вработено лице ќе ја постави на точното место.

Дневно се очекуваат околу 10.000 посетители.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...