Евентуалното вето од Франција за почеток на преговорите со Македонија ќе го загрози договорот со Грција и ќе ги минира реформските напори на земјите од регионот, оценува австрискиот политички аналитичар Флоријан Бибер, професор на Универзитетот во Грац и координатор на Европската советодавна група за Балканот.
– Тоа ќе биде удар за реформската политика на Балканот. Франција ќе стане новата Грција за Македонија, која и натаму ќе биде спречена да се приклучи кон ЕУ и НАТО – вели Бибер во изјава за австрискиот весник „Стандард“.
Одбивањето на ЕУ да отвори преговори за членство на Македонија, наведува Бибер, би значело и „речиси смртна казна за компромисот за името меѓу Скопје и Атина“.
– Таквата француска политика би имала далекусежни последици. Во Македонија наесен е планиран референдум за договорот со Грција. Тешко е да се замисли дека ќе излезе добро ако договорот не е награден од ЕУ. Тоа ќе ѝ даде шанса на македонската конзервативна опозиција да се мобилизира против одобрувањето на компромисот за името – вели Бибер.
Експертот за Балканот и професор на Европскиот институт во Ница Тобиас Флешенкемпер, смета дека ЕУ треба да ги исполни ветувањата што им ги дава на земјите од регионот бидејќи ја доведува во прашање целокупната политика на Унијата и процесот на проширување.
– Советот на ЕУ има обврска да го признае напредокот што го направија земјите во согласност со критериумите што им ги постави. Во спротивно ќе направи трајна штета на кредибилитетот на сопствените политики. Затоа, ако оваа недела ЕУ не испрати сигнал дека напорите што ги прават земјите аспиранти вредат, ќе го уништи процесот на проширување – оценува