Договорот меѓу Македонија и Грција е добар компромис и тој нуди трајно а не привремено решение, смета австрискиот аналитичар и професор на Универзитет во Грац, Флориан Бибер, кој е и координатор во Групата за европски политички совет (BiEPAG).
– Јасно е дека постојат два македонски идентитет, еден е на Грците во северна Грција и еден на Македонците, како и тоа дека и двата можат да коегзистираат. Договорот се заснова на прифаќање на оваа двојност односно обезбедува македонски јазик и националност и го менува името на државата. Ако размислите за историскиот регион на Македонија, тоа всушност не е нешто што е неточно, но за да се биде попрецизен соодветно е да биде Северна Македонија – вели Бибер.
Тој смета дека постигнувањето на договорот е нешто што е само по себе добро бидејќи „статус кво“ ситуацијата е нешто уште полошо.
Бибер смета дека спроведувањето на договорот ќе биде тешко бидејќи бидејќи националистите на двете страни силно се противат на тоа, а владите немаа големо мнозинство, осоено во Грција.
– Успехот ќе зависи од следните чекори и од тоа дали владите во двете земји ќе успеат да ги убедат своите граѓани. Досега, двете држави, прес сѐ Грција, не секогаш успеваше да го подготви теренот и да се соочи со жестоката и радикална опозиција – вели аналитичарот.
За референдумот, тој смета дека е голема пречка и ќе зависи од владината способност да ги убеди своите поддржувачи за основаноста на договорот кој со себе го носи и пристапувањето кон ЕУ и членството во НАТО.
– Тука, надворешните актери можат да помогнат со нивните стимулации. Исто така, би било корисно ако Европската народна партија (ЕПП) изврши притисок врз нејзините членки Нова демократија и ВМРО-ДПМНЕ да заземат проевропска линија што ќе стави крај на спорот – заклучува Бибер.
Извор: European Western Balkans