БИА ги уапси сопственикот на „Арс груп“ од Скопје и двајца Срби заради кражба на документација за производство на муниција

Тие се товарат за злоупотреба на службена должност и примање мито, односно дека при извршување на кривичното дело продавале проекти и друга документација која и припаѓаа на „Први партизан“ од Ужице, а се однесува на производство на оружје и муниција.

2367

Државјанин на Македонија, поранешен инженер во фабриката за муниција „Први Партизан“ и двајца работници, државјани на Србија, уапсени се денеска под сомнение за злоупотреба и примање мито.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, тие се сомничат дека продавале документи од фабриката „Први партизан“ од Ужице, кои се однесуваат на производство на оружје и муниција.

Според српското Обвинителство, апсењето по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, го извршиле Безбедоносно информативаната агенција (БИА), Воено-безбедносната агенција (ВБА) и МВР на Србија.

Уапсени се С.Д., државјанин на Македонија, сопственик на фирмата „Арс група“ од Скопје, поранешниот инженер во Први партизан Б.Г. од Ужице, Н.И. од Пожега-конструктор во погонот за алати и машини во „Први партизан“ и М.М, соопшти Вишото јавно обвинителство.

На осомничените одредена им е мерка притвор 48 часа, поднесена им е кривична пријава и поради сослушувањето ќе бидат изведени пред надлежен обвинител.

Тие се товарат за злоупотреба на службена должност и примање мито, односно дека при извршување на кривичното дело продавале проекти и друга документација која и припаѓаа на „Први партизан“ од Ужице, а се однесува на производство на оружје и муниција.

Весникот „Вечерни новости“ без да го наведува изворот, под насловот „Голема акција на БИА во српската фабрика за оружје-Уапсен е албански шпион“, наведува дека Б.Г. и Албанецот Ш.Д. се уапсени поради кражба на документација за производство на муниција од калибарот 12,7 мм.

Фабриката „Први Партизан“ од Ужице е една од најстарите и најголеми фабрики за муниција и покрај производството на 400-ина типови на муниција за карабини, пиштоли и револвери, произведува и артилериска муниција, машини за производство на муниција, алати за производство на муниција…

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...