Беџети: За БЕСА нашата понуда беше несериозна, навредлива

528

Беџети, портпарол на Алијансата за Албанците на новинарско прашање истакна дека тие како политички субјект биле заинтересирани за трипартиска коалиција, но Движењето Беса ја сметала за несериозна, дури и, како што рече, навредлива.

– Ние, како политички субјект бевме заинтересирани за трипартиска коалиција, меѓутоа Движењето Беса досега ја одбиваше нашата понуда, која беше сериозна, амбициозна. Таа понуда имаше за цел да ја промени ситуацијата кај албанскиот политички блок, но тоа не зависеше само од нас – рече Беџети.

Ние бевме максимално коректни, посочи тој, затоа што сакавме да ги приближиме сите во еден столб кој ќе биде предводен од Алијансата за Албанците.

– Со соединувањето во еден столб сакавме да ги поразиме ДУИ и да донесеме политичка промена на албанската политичка сцена. Ќе продолжиме да создаваме проширени коалиции и со јавниот сектор, затоа што секогаш сме заинтересирани сите Албанци кои сакат да направат промени да бидат дел од овој столб – потенцира Беџети.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...