Беџети го обвини Шилегов дека му копа зад грб

2076

Општина Сарај го обвини Град Скопје за обид за преземање на ингеренциите зашто Градот презел активности врз улица која била надележност на Општината.

„Општинскиот инспекторат констатирал започнување работи на една улица во нашата општина, кои се започнати без никаква законска основа и процедура, без да биде информирана општина Сарај, иако оваа улица се наоѓа меѓу селото Свиларе и Рашче, во оваа општина и е под ингеренции на истата“, соопшти Општина Сарај денеска.

Според информациите на општината, каде градоначалник е Блерим Беџети, овие активности се започнати од градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов.

– Целата активност е противзаконска и поради ова Општината ќе преземе формално правни активности, во правец на информирање на надлежните институции кои се надлежни за ситуацијава, како што се Антикорупциската комисија, Министерството за внатрешни работи и други институци – велат од Општина Сарај.

Оттаму додаваат дека ова не е прв обид на Шилегов да навлезе во ингеренциите на општина Сарај и дека општината ќе ги преземе сите активности за заштита на своите права.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...