Бејта не коментира што разговарал со обвинетиот Азири во „Монструм“

1015

Поранешниот градоначалник на Гостивар и висок функционер на ДУИ, Невзат Бејта не сакаше да коментира што разговарал со обвинетиот Фејзи Азири во случајот „Монструм“.

Плусинфо стапи во контакт со Бејта, а кога му ја кажавме причината за нашиот повик, тој не сакаше да коментира.

– Надвор од државата сум. Пријатно – рече поранешниот градоначалник на Гостивар и го прекина разговорот.

Горан Наќевски, татко на убиениот Александар кај Смилковско езеро, денеска во обраќањето во судницата во Кривичниот суд во Скопје, рече дека при средбите со премиерот Зоран Заев им биле покажани транскрипт од разговор меѓу обвинетиот Фејзи Азири и Бејта.

Токму Азири денеска не дојде на судењето бидејќи, како што рече неговиот адвокат, вчера бил хоспитализиран.

Што кажаа и побараа родителите на жртвите во масакрот кај Смилковско езеро на денешното рочиште во судот, прочитајте ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...