Во пресрет на вечерашниот дуел од полуфиналето на Лигата на шампионите против Баерн Минхен, фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл рече дека му е чест што го поврзуваат со германскиот великан и не исклучи опција за негов трансфер во баварскиот тим.
Велшанецот се почесто се спомнува како прв кој на лето ќе си оди од Реал.
– Ништо не може да се исклучи во фудбалот. Јас во моментов сум во Реал Мадрид, уживам, но Баерн има фантастичен тим и еден од најуспешните клубови во Европа. Чест ми е што јас сум поврзуван со Баерн, изјави Бејл.
Тој побара повеќе простор во Реал за да може да ги искаже своите способности на теренот.
– Гол секој втор натпревар не може да биде лош учинок. Но, да бидам искрен, сакам да напредувам. За тоа ми треба поголема улога, вели Бејл.
Баерн и Реал ќе играат вечер од 20:45 на „Алијанц Арена“ во Минхен.