Бејли: Oчекуваме добри вести од НАТО следната недела

470

Денес е време на надеж за Македонија. Граѓаните се со право фокусирани на формалните врски што ја поврзуваат Македонија со нејзините соседи со Европа, со САД, НАТО, ЕУ, Договорот од Преспа со Грција и Договорот за пријателство со Бугарија. Постигнат е значаен прогрес минатата година и во очекување сме на добри вести од НАТО Самитот следната недела.

Ова го истакна американскиот амбасадор Џес Бејли во своето обраќање на прославата по повод одблежувањето на 4 јули, Денот на независноста на САД, која се одржа денеска во Американската амбасада во Скопје.

Во својот говор во присуство на премиерот Зоран Заев, повеќе вицепремиери и министри во Владата, пратеници, лидери на политички партии од власта и од опозицијата, на претставници од институции од невладиниот сектор и од дипломатскиот кор тој се осврна и на вредностите кои ги поврзуваат двете земји.

– Народите на нашите две земји ја делат желбата за успех затоа што напорно работат без оглед кои се нашите семејства и кого го познаваме. Сакаме нашите закони да создадат еднаков амбиент за сите и сакаме нашите деца и внуци да го уживаат животот полн со можности, слобода и мир – порача амбасадорот Бејли.

Одбележувањето на 242-годишнината на независноста на САД помина во знакот на џинсот како автентичен американски производ и бренд кој опстојува од 19. век.

Традиционално прославата беше завршена со огномет.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...