Американскиот амбасадор Џес Бејли најави дека ќе го напушти Скопје во март и дека потоа ќе се пензионира, откако 34 години бил дел од Стејт департментот.
„Ми беше најголема чест да работам со овој фантастичен тим, секој ден, во текот на изминатите четири години. Кејпи и јас со нетрпение очекуваме да им се заблагодариме на пријателите и колегите низ целата земја за нивната напорна работа на заедничките цели, мудрите совети и дарежливото гостопримство. Односите меѓу САД и Македонија се посилни од било кога. Ништо нема да го симболизира тоа подобро од тоа да ја видам оваа земја да го добие нејзиното седиште во НАТО“, вели амбасадорот Бејли на „Твитер“.