Бејли: На денот на гласањето за уставните измени не бев во Собранието

895
20150911 Friday 1404 Americka ambasada amerikanska ambasada 9 11 nine eleven krvodaritelska akcija Dzes Bejli

Американскиот амбасадор во земјава, Џес Бејли, изјави дека за време на гласањето за почеток на уставните измени не бил во собраниската зграда.

– Јас тој ден бев во мојата канцеларија, учествував на настан организиран од амбасадата вечерта, и како и повеќето граѓани на Македонија го следев гласањето на телевизија од мојата дневна соба, изјавил Бејли за Телевизија 21.

За Бејли се апсурдни обвинувањата дека САД нелегално се вмешани и влијаеле на гласањето во Собрание.

-Јасно е дека се апсурдни обвиненијата дека САД нелегално се вмешани и влијаеле на гласањето во Собрание, тоа е апсурдно. Како што изјавивме, ние го поздравивме гласањето во Собранието на Македонија за иницирање на уставни измени и спроведување на Преспанскиот договор – изјави Џес Бејли, амбасадор на САД во Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...