Бејли е оптимист за Македонија по потпишувањето на договорот

На свеченоста присуствуваа и амбасадорот на Словенија и Милан Јазбец и министерот за образование и наука Арбр Адеми.

435
20150911 Friday 1404 Americka ambasada amerikanska ambasada 9 11 nine eleven krvodaritelska akcija Dzes Bejli

Oптимист сум и за иднината на Македонија како земја и за иднината на Универзитетот на ЈИЕ, изјави денека амбасадорот на САД во змејава Џес Бејли на свеченоста за промовирање на 14. генерација на апсолвенти на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.

На свеченоста присуствуваа и амбасадорот на Словенија и Милан Јазбец и министерот за образование и наука Арбр Адеми.

– Општо земено тоа е момент на нови почетоци за Република Македонија бидејќи премиерите Заев и Ципрас ќе се состанат во Преспа за да го потпишат договорот за решавање на спорот за името што го попречуваше напредокот на земјата кон НАТО и ЕУ. Јас сум оптимист и за иднината на УЈИЕ и за Македонија како земја – рече Бејли.

На апсолвентите им порача да го применат своето знаење во корист на општеството и да придонесат за развој на државата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...